Најстариот фудбалски клуб на светот е спасен!
Акцијата на Јувентус и неговите спонзори вроди со плод. Всушност, Јувентус е настанат според примерот на Нотс Каунти, а тоа е причината што италијанскиот гигант не дозволи да заврши приказната која трае 157 години. Англискиот нисколигаш е формиран 4 децении пред Јувентус, а “старата дама” ги добила боите токму по примерот на Нотс Каунти.
На отварањето на новиот стадион во Торино пред осум години, Јуве го избра токму Нотс Каунти за ривал.
Оваа сезона Нотс Каунти прв пат испадна од професионален ранг на натпреварување, им се закануваше згаснување поради долгови, а поради неплатени даноци им беше запленета целата опрема.
Најпрво сопственикот на Јуве, Андреа Ањели преку Адидас реагираше и им обезбеди опрема, што пак го донесе англискиот клуб во судир со Пума, со кои Нотс Каунти имал договор. Меѓутоа, Јуве е подготвен да ги плати и пеналите, а Англичаните би требало да потпишат договор со Адидас.
Покрај тоа од Јувентус се ангажирале заедно со сопственикот во заминување Алан Харди, па клубот сега го купи компанијата “Фудбал Радар” од Данска. Оваа компанија постои веќе 10 години, се занимава со аналитичка анализа во фудбалот, а седиштетот и е во Лондон.
Браќата сопственици Александар и Кристофер Риџ го потврдија купувањето на Нотс Каунти и имаат амбиција веќе оваа сезона да го вратат клубот во професионалниот фудбал, иако во конференциското натпреварување клубот ќе стартува со минус 12 бодови.