Ако Владата достави законски измени за понатамошно кратење на трошоците на пратениците, спикерот Талат Џафери ќе предложи сите во Владата да се откажат од службените возила и секаде да одат со тротинет.
„Не очекувам да таков предлог од Владата, а поединечно не очекувам некој да се откаже од тоа право што е регулирано со Уставот.
Ако добијам таков предлог од Владата, јас ќе поднесам предлог сите да се откажат од службените возила и да одат на работа со тротинет.
Па, ќе направиме карикатура од државата. Или ќе правиме држава или ќе си поигруваме со популистички политики кои ни носат дневни поени“, вели Џафери.
Извор: “Expres.mk”