Гранит Џака и Џердан Шаќири не се израдуваа толку за првата победа на Светското првенство колку што таа е остварена против Србија.
Освен што на теренот во Калињинград летаа орли, својот пир го продолжија и на социјалните мрежи по натпреварот. Барем тоа се однесува на Џака кој упати уште една провокација.
„Еве ти Србијо, поради ова ме викаат Гранит Косово”, пишуваше на Инстаграм.
Во меѓувреме постот е избришан од неговиот профил.
Сепак, во меѓувреме Коларов му одговори на провокацијата.
„Ние сме Срби, ние сме над тоа примитивно ниво. Ние сме десет години пред тие кои така прославуваат“, изјави капитенот на српската репрезентација.
Извор: “Република”