Репрезентативецот на Шведска со македонско потекло Дејан Кулушевски и играч на Тотенхем, игра во одлична форма оваа сезона.
Откако пред седум месеци се крена фама дека Кулушевски одби да зборува на македонски јазик и дека можеби не знае македонски да зборува, кога даваше изјава во дресот на Тотенхем, овојпат Дејан покажа дека македонскиот јазик добро го владее.
Додека беше на репрезентативна обврска, по дуелот Шведска – Словенија, еден од новинарите побара Кулушевски да му даде изјава на српски јазик. Дејан веднаш одговори дека изјава може да даде на македонски јазик.