Џабе попис: Страницата за доделување на 4.750 германски визи за Македонци, за само неколку часа отворена повеќе од 50.000 пати

Страницата за добивање работна виза за Германија била прегледана 50.000 пати за само неколку часа откако беше отворена пред два дена, објави Германската амбасада во Скопје. Таа беше отворена откако на 1 септември во Германија стапи на сила последователна регулатива на таканаречената Регулатива за Западен Балкан, со која германската влада и по истекот на 2020 година им овозможи на државјаните на Македонија, Косово, Србија, Албанија, БиХ и Црна Гора да имаат привилегиран пристап до германскиот пазар на труд. За целиот Западен Балкан биле обезбедни 25.000 работни визи годишно, од кои 4.750 за Македонија.

“Почитувани дами и господа, драги пријатели на Германија,

Изминатите денови добивме многу повратни реакции од Вас за доделувањето на термини за визи за Западен Балкан. За жал, Вашите реакции беа претежно негативни и од тие причини сакам уште еднаш да Ви ја претставам ситуацијата:

Сојузната влада овозможи за државјани од Северна Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд.

Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација. Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи.

Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање.

Но, бидејќи истовремено интересот за оваа програма е огромен (нашата објава од понеделникот само за неколку часа имаше над 50.000 прегледи), се разбира дека знаеме дека само еден дел од заинтересираните може да добие прилика.

Сегашниот систем на доделување на термини, кој впрочем се користи во сите 6 земји од регионот, треба да и овозможи на Амбасадата, ограничената понуда на термини за поднесување на барања по можност да ја реализира широко распространето.

Затоа Ве молам за Вашето разбирање и Ви ветувам истовремено, дека постојано работиме на подобрување на доделувањето на термините, за истото да биде потранспарентно за Вас” – напиша на Фејсбук германската амбасадорка во Македонија, Анке Холштајн.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.