Ќе му забранат да влезе во кладилница: Погодил точен резултат 0:9 со коефициент 150! Ова не му е прв пат

Херојот на викендот е секако навивачот на Лестер, Пол Адлам, од Бурнмаут кој ќе го има најдобриот Божиќ во животот.

Тој дефинитивно има храброст, но и може да направи добра анализа. Додека неговиот тим водел со 3:0 против Саутемптон во петокот, Пол се обложил со 10 фунти на разултат 9:0.

Тој ја напуштил дневната соба и заминал сам да го гледа мечот на другиот спрат од куќата. Сопругата вели дека се прашувала зошто тој толку се радува кога одамна било јасно дека Лестер ќе победи на натпреварот.

Коефициентот бил 150, а заплетот филмски, бидејќи пари му донесе Џејми Варди со погодок од пенал во последните секунди.

Пресреќниот Пол рекол дека сите пари ќе ги потроши заедно со смејството за Божиќ.

Интересно е тоа што ова не е неговата најголема добивка, тој го погодил точниот резултат меѓу Франција и Аргентина на Мундијалот во 2018 година, кога Французите во осмина финалето победија со резултат 4:3.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.