Ќе го паметат до крајот на животот: За услуга во грчки хотел Роналдо дал цело богатство бакшиш

Фудбалската ѕвезда на Јувентус, Кристијано Рналдо заедно со неговото семејство првиот дел од одморот го помина на југот на Грција, во луксузниот хотел „ Вестин Соста Наварино“. Изнајмувањето на претседателскиот апартман за еден ден фудбалерот го чинеше 9.000 евра.

„Кристијано Роналдо бил задоволен со услугата и на персоналот на хотелот, кој неговиот одмор го направил совршен, а кој не им допуштил на папараците да бидат ниту блиску до нив, па како благодарност им дал бакшиш од 20.000 евра“ пишува шпански „АС“.

Португалецот одморот го продолжи на француската ривиера, во Сент Тропе.

Наскоро Роналдо ќе мора да се врати во Торино затоа што екипата тргнува на летна турнеја.

Првиот меч на италијанскиот шампион е на 21 јули во Сингапур против Тотенхем, а ти дена подоцна во Нанјинг, Јуве игра против Интер.

Уште еден пријателски меч Јувентус игра на 10 август, во Стокхолм, против Атлетико Мадрид.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.