Несекојдневен момент во авион кој бил приземјен на аеродромот во Мексико Сити снимил чувар, а кој сега стана вирален хит.
Франциско Хернандез ја завршувал својата смена кога околу 3 часот наутро слушнал необичен звук од еден авион. Влегол во него за да провери што се случува.
Со светилка се движел помеѓу седиштата, стигнал до тоалетот и просторот за персонал, но ништо не видел па се вратил назад. Кога излегувал од авионот слушнал како вратата се затвара се свртел и осветлил кон тоалетот.
Во тој момент здогледал темна сенка која толку многу го исплашила што брзо излегол надвор.
– Прво не бев сигурен што е тоа. Дури и направив неколку чекори напред мислејќи дека тоа е игра на светлината, но кога видов дека се помрдна, знаев дека замислувам. Тоа што го видов толку многу ме исплаши, па избегав, изјавил тој, пренесува Daily Mail.
Иако снимката е направена уште во 2016 година сега се проширила на интернет, а не единствен случај „страшни“ инциденти на тој меѓународен аеродром.
– Одлучив да ја објавам снимката затоа што многу луѓе не ми веруваа. за среќа, ја снимив случката па можам повторно да ја прегледам и да видам дека не сум измислувал. Да не ја снимев на самиот немаше да си верувам, признал Феанциско.