Aргентина го загуби финалето од Копа Америка синоќа против Чиле. Ова е трето изгубено финале во три години. Најемотивен на крајот од натпреварот беше Меси, кој не можеше да ги сокрие солзите.
Ѕвездата на Барселона беше критикуван за слабата игра и наводно слабиот ангажман за националниот дрес, но не повеќе. Откако ја водеше својата репрезентација до финалето на Светското првенство во Бразил, и до две последователни финалиња на Копа Америка, лошите коментари запреа.
Аргентина го загуби мечот против Чиле на пенали, исто како и минатата година.
Година претходно пак, Аргентинците беа поразени од Германија во финалето на Светското првенство, со гол длабоко во судиското продолжение.
Најболно за Меси беше тоа што го промаши својот удар од белата точка.
https://twitter.com/messi10stats/status/747318291736068096
Се чини дека му дојде премногу, па иако е далеку од пензија со штотуку наполнетите 29 години, Меси изјави дека се пензионира од националниот дрес.
Со оглед на тоа дека наредното Светско првенство во Русија е за две години, и со оглед на тоа дека Меси има уште многу што да покаже, се надеваме дека во наредните денови ќе ја промени својата одлука…
А.Г.