На веќе добро познатата локација, на влезот во Прилеп од страната за Скопје, во непосредна близина на бензиската пумпа “Макпетрол”, ќе го најдете ресторан Beer ti & ja, место кое во изминатата 2024 година прерасна во број еден гурманска дестинација во градот под Марковите Кули.
Вљубениците во добра скара, готвени јадења и чорби, добро знаат дека во Beer ti & ja има се’ што душа ќе ти посака. Она што го прави овој ресторан посебен е пред се’ локацијата. Ресторанот се наоѓа надвор од градската гужва, располага со сопствен широк паркинг, а кујната ја водат вистински мајстори на занаетот.
Со капацитет од 40 до 50 гости, ресторанот во помалку од една година од своето постоење, пречека илјадници гости, кои пак задоволни одново се враќаат на добра софра и неколку чашки за добро расположение.
Не смееме, а да не ги спомнеме вкусните чорби, кои тука се секогаш тазе приготвени, со посебно внимание и со сигурност може да се каже дека веќе се бренд во гастрономската понуда на Прилеп. Кој не пробал во овие зимски денови, шанса ќе има и во недела за големиот празник Богојавление – Водици, кога ресторанот ќе работи од 6 часот утрото.
Прилепчани масовно го празнуваат овој празник и уште утрото не осамнало до последно место ги исполнуваат дворовите во црковните храмови, а потоа се мераклии да се стоплат со вкусна чорба, по некоја чашка ракија и да се поздрават со радосните зборови: “Бог се јави”.
Токму затоа тимот на Beer ti & ja од рано наутро ќе ве чека со вкусна телешка и чкембе чорба.
Повелете и наздравје!