Најтиражниот американски весник “Њујорк Тајмс” напиша дека на синоќешниот пpoтест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Скопје имало илјадници присутни.
Илјадници граѓани се придружија на мирен марш во македонскиот главен град Скопје во вторникот во знак на пpoтест против она за што тврдат дека било мешање во cyдството од страна на поранешниот премиер.
Протестот пред Врховниот суд беше организиран од опозициската конзервативна партија ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на кампањата за предвремените парламентарни избори на 12-ти април – пишуваат од весникот.
Партијата повика на судска истрага за наводна злоупотреба на службената должност од Зоран Заев, централно-левичарскиот премиер, кој се повлече од минатиот месец во рамките на подготовките за изборите.
Барањето на опозицијата следуваше откако објавија аудио снимка од разговор во кој Заев, додека бил премиер, наводно знаел што ќе препорача јавниот обвинител во политички сензитивен случај. Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека снимката ја добиле од свиркач – додаваат од “Њујорк Тајмс”.
Заев призна дека е неговиот глас на снимката, но инсистираше на тоа дека не кажа ништо неправилно. Неговата социјалдемократска партија ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Заев ја злоупотребил својата позиција и не се мешал во судството.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на присутните им порача дека “правдата е нападната од неправдата” – завршуваат од “Њујорк Тајмс”.