Љубовта кон својот миленик не познава граници: Навивач на шведски АИК си купи доживотна влезница, а клубот му приреди посебно изненадување

Магнус Как, навивач на шведскиот клуб АИК си купил доживотна влезница за домашните натпревари на неговиот миленик.

Магнус е првиот човек кој всушност купил ваква влезница. “Вечната влезница” им овозможува на оние кои ќе ја кушат до крајот на својот живот да ги гледаат домашните мечеви на својот клуб и доколку сакаат можат да изберат друго место на трибините.

АИК во ноември ја покрена оваа акција и било одлучено “вечната влезница” да чини 189.000 круни, затоа што клубот е основан 1981 година.

Тој се сретнал со комерцијалниот менаџер на клубот Стефан Јохансон на божиќната прослава и многу лесно се договорил да стане сопственик на “вечната карта” со број 001.

Клубот му обезбеди посебно седиште на трибините

“Го прашав Стефан колку “вечни влезници” имаат досега продадено, но ми рече дека сеуште чекаат на првиот навивач кој ќе се определи за тоа. Од првиот момент оваа акција ми беше интересна затоа што веќе имам годишна влезница и со години сум член на клубот. Одлично е тоа што добив прилика токму ја да ја купам првата ваква влезница и така на некој начин да влезам во историјата на клубот. Никој не го помни оној кој бил втор. Работам од својата 15 година и последните години доста добро стојам финансиски. Немам деца, па така АИК ми е замена за нив”, рекол Как.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.