Голманот на Чапекоензе кој ја загуби ногата во авионската несреќа во Колумбија, изјави дека сака да се натпреварува на параолимписките игри.
Џексон Фолман е еден од шестмината членови на екипажот кои ја преживеаа кобната авионска несреќа во која животот го загубија 71 лице, а воедно и целиот фудбалски тим на Чапекоензе.
Голманот откако почна да опоравува и му беше ставена протеза на ногата изјави дека „секогаш ќе остане голман на Чапекоензе“.
24 годишниот Фолман беше принуден да се пензионира од професионалниот фудбал откако на него мораше да му ја aмпутираат десната нога поради оштетување во пределот на коленото.
Сепак тој во едно интервју ја искажа силната желба да учествува на параолимписките игри како и да си го среди животот и да се венча со својата девојка.