ЈП за ПУП Прилеп доби нов директор, таму има најмногу coмнеж за кpиминал

Зоран Јовески е новиот вршител на должност директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови во Прилеп.

-Градоначалникот Борче Јовчески, изборот го направи денеска. Јовески е дипломиран економист, доктор на науки од областа на економијата.

Долгогодишен финансов директор и раководител на Здравствен дом- Прилеп и Општа болница Прилеп.

Ангажиран е и како вонреден професор на БАС Институт за менаџмент во Битола.

Јовески доаѓа на местото на Илија Иваноски кој деновиве си поднесе оставка од оваа функција – стои во соопштението од општина Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.