“Јоксимовиќ потврди, општината вели програмата е шпекулација, кому да веруваме?!”

Oд 12-15 јули во Прилеп ќе се одржи 16-то издание на фестивалот на пивото и скарата “Пивофест 2018”.

Деновиве на социјалните мрежи проструи флаер на кој се испишани имињата на: Слаткар, Ван Гог, Кирил Џајковски, Дарио, Бени и Нон Стоп, Црвена Јабука, Ромео Бланко, Прилепски бенд, Некст Тајм, Даниела Мартиновиќ, Жељко Јоксимовиќ, Либеро Бенд, Куку Леле, Џенан Лончаревиќ и Шабан Шаулиќ, кои наводно ќе настапат на овогодинешната сцена на “Пивофест”.

Денеска од општина Прилеп за “Фокус” изјавија дека програмата е шпекулација и наводно била измислена од лица од опозицијата.

Меѓутоа, пејачите веќе почнаа да објавуваат на своите официјални страни дека нивниот настап е закажан и дека ќе настапат на фестивалската сцена во Прилеп.

Својот концерт на “Пивофест” прв го објави Жељко Јоксимовиќ, на чија официјална веб страна веќе стои закажан настапот за 14 јули во сабота, исто како и на флаерот кои проструи во јавноста.

Според имињата кои се испишани, се работи за музички ѕвезди и групи кои со сигурност ќе чинат и многу пари.

Засега од општина Прилеп нема информации за тоа колку пари од општинската каса ќе бидат одделени за организацијата и хонорарите на пејачите за фестивалот, од таму само кусо за “Фокус” изјавија дека целата програма ќе била позната идната недела.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.