Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп со Фејсбук статус се обрати до бизнис секторот.
Во прилог ви го пренесуваме целиот текст:
“Обраќање кон бизнис секторот, работниците и сите придружни дејности двигатели на локалната прилепска економија:
За мене Вие сте најзначајниот сегмент од кој што зависи развојот на градот херој и заложбата младите да останат да живеат,работат и инвестираат во Македонија.
Почитувани се видов со многу народ од сите профили, слушнав се и сешто, имав средба и со вработените локална самоуправа, се со цел да имам повеќе информации за ова обраќање кон Вaс.
Се видов со многу од Вас и во многу случаи забелешките се повторуваа, така што на тој начин го дијагностицирав и основниот Ваш проблем. Ќе прашате зошто баш Вие сте ми толку битни и одговорот е едноставен. Ако сте успешни Вие тогаш останува на мојата умешност и можноста заедно да бидеме успешни.
Добив информација дека Прилеп е за жал општина со НАЈМАЛ број издадени одобренија за градба. Наша задача е од 18ти тоа да се промени!
Возрасен сум и сериозен па затоа можам и МОРАМ да Ви ветам дека:
Ќе се вратат неколку урбанисти кои знаат како може да се направи тоа бидејќи си го сакаат Прилеп. Повеќе одобренија за вас, повеќе пари за општината и се разбира нови вработувања, ќе биде моето мото водилка за развој на локалната економија и урбанизам.
Од декември ќе профункционира и економскиот совет и 3 членови од тој совет ке бидат секогаш гости на комисијата за урбанизам.
Вeтувам максимална транспарентност во целата работа на новата општинска власт”, напиша Др. Јовечски.