Јовчески: “Го намаливме долгот на општината од 5 милиони на 800.000 евра и реализиравме огромен број на проекти”

Со одговорно и чесно работење, после две години Локална власт, успеавме вкупно преземените обврски од 292.562.164 денари, од крајот на 2021година, да ги намалиме на само 47.085.000 денари во овој момент – пишува на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Едноставно кажано, нашата Општина Прилеп која што со моето преземање на функцијата градоначалник имаше скоро 5 милиони евра долгови, истите сега изнесуваат нешто помалку од 800 илјади евра. Во меѓувреме реализиравме огоромен број на проекти а сигурен сум дека во иднина ќе имаме можност да реализираме уште повеќе и со тоа да ги подобриме условите за живот на сите прилепчани.

Почитувани мои сограѓани ова е само уште еден факт дека со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, Општина Прилеп со сигурност се враќа на вистинските патеки на успешно менаџирање на Локалната власт.

Иако оставена во милионски долгови од времето на претходната Локална власт предводена од СДСМ, сега Општина Прилеп по само две години претставува успешен пример за квалитетно локално управување, што не прави една од 10-те најуспешни општини во Република Македонија, во врска со предизвиците поврзани со капацитетите за управување со јавните финансии. Ова беше и докажано преку јавно признание од Обединетите нации врз основа на темелно истражување во 2022 година на сите општини во Република Македонија, според која што Прилеп има одлична оценка за финансиското работење.

Вие почитувани сограѓани верувам дека знаете кој работи во ваш интерес, и ве уверувам дека и во наредниот период заедно со претседателот на Советот на Општина Прилеп, советничката група и директорите на јавните претпријатија и нашите општински училишта ќе продолжиме да работиме посветено за нашиот Прилеп – пишува Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.