Во текот на вчерашниот ден имавме прилика да слушниме и да видиме како изгледаат и како звучат лагите на Власта предводена од СДСМ вклучително и пратеникот од Прилеп од редовите на СДСМ Миле Талески – истакна на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Прес конференцијата на Јовчески ја пренесуваме во целост во продолжение:
И онака густиот и отежнат сообрајќај на улицата Леце Котески вчера беше и дополнително блокиран од причина што во нашиот град беа присутни Премиерот заедно со министрите Бочварски и Спасовски на некаков замислен увид во градежни работи.
Почитувани, жал ми е што не успеавте да соберите храброст да се соочите со тамошните жители и стопанственици па да ги запрашате нив конкретно, да оценат и да кажат дали оваа динамика на изградба е нормална и како што вие кажавте дека ,,пат не се правел туку така“.
Знаеме почитувани за вашата тенденција и одбивност кон локалните власти каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е затоа што ние градиме и работиме во интерес на граѓаните за разлика од моменталната власт која што вие ја претставувате.
Леце Котески е рак рана во нашиот град веќе извесно време а според вашите изјави ќе биде и уште долго за жал на сите нас. За разлика од тоа ние секојдневно асфалтираме улици и имаме во истиот период од започнувањето на Леце Котески па досега, рехабилитирано над 12 километри улици и патна инфраструктура во Прилеп. Имаме проекти кои во континуитет се реализираат за доброто на сите граѓани и во буквално секоја сфера на општественото живеење.
Новата градинка во населбата Точила е еден навистина капитален проект за нашиот град. Тоа е градинка која што ќе згрижи околу 250 дечиња од предшколска возраст од општина Прилеп и нешто кое што е особено важно за нашите сограѓани. Проект кој што во предизборната кампања го ветивме дека ќе го реализираме и одговорно стоиме зад тоа.
Пред фактите, почитувани колеги од власта, не можеме да ја манипулираме јавноста и нашите прилепчани како што тоа вам ви е пракса. Во најмала рака е срамно да тврдите во вашата изјава и да промовирате туѓа реализација на проекти а богами и смешно.
Зборувам конкретно за градинката во населбата Точила која што после моето преземање на функцијата градоначалник беше оставена во оваа фаза.
Фотографиите се од надзорниот орган и се направени на 15ти ноември, односно само 2 недели после преземањето на Локалната власт. Ова почитувани што можи да се забележи на фотографиите и што впрочем сите го памтиме и знаеме, беше СЕ’ САМО НЕ ГОТОВ И ИЗГРАДЕН ОБЈЕКТ, како што вие милувате да кажите господине Миле Талески и дека наша обврска било само да направиме технички прием.
Почитувани сограѓани, ние пристапивме одговорно и домаќински во продолжение на овој делумно започнат проект при што констатиравме низа пропусти во самиот проект, технички недостатоци и што ли уште не.
Пристапивме кон решавање на недостатоците и со гордост можам да истакнам дека сега се наоѓаме во завршна фаза и пред конечно пуштање во употреба на оваа градинка. Градинка која што чини над 130 милиони денари и која што веќе ја реализираме и исплатата што не беше ниту денар започната од претходната власт.
Почитувани сограѓани, фактите и реалноста е оваа и сите ја знаеме. Добро е кога се работи чесно и одговорно и во интерес на сите вас, моите сограѓани. Манипулациите и лагите на претставниците на Власта предводена од СДСМ се само последен крик и сламка за која што мораат да се фатат затоа што друго немаат што да понудат.
Со јасна визија и план за дополнителен развој на Прилеп продолжуваме и во наредните 2 години а особено со формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ што ќе значи реализација на нови капитални проекти за општина Прилеп.
https://fb.watch/osCJunxm14/?mibextid=2JQ9oc