Јованоски: “Учениците кои ќе започнат со печатени учебници, за една недела ќе побараат дигитални”

Учениците кои ќе започнат со дигитални учебници на почетокот на годината, нивните другарчиња кои немаат, по само една недела и тие ќе побараат дигитални учебници, ова вчера го истакна градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на воведувањето на дигитални учебници во училиштата, нешто на што се противат најголем број од родителите и децата.

“Станува збор за печатени учебници и дигитални учебници за кои има полемика помеѓу граѓаните. Станува збор само за учениците од 4 одделение од наредната учебна година. Учениците од 4 одделение ќе имаат можност да бираат дали ќе користат дигитални учебници или печатен учебник, или може да користат и дигитален и печатен учебник. За оние кои сакаат печатени учебници училиштето ќе биде одговорно, односно општината да ги обезбеди тие учебници. Мислам дека тука нема ништо спортно. Можеби ќе треба да се објаснува малку поконкретно, подиректно. А за дигиталните учебници, јас верувам дека учениците кои ќе започнат со дигитални учебници на почетокот, нивните другарчиња кои немаат, по една недела и тие ќе побараат дигитални учебници. Тоа е основата што секаде ја има во земјите во развиениот свет и земјите од околината”, истакна Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.