“Јованоски оствари уште едно ветување?? Донесе чист воздух во двојазичен Прилеп?”

Мерната станица за квалитетот на воздухот кој пред Новогодишните празници беше поставена на општинската зграда во Прилеп деновиве покажува алармантни податоци за загаденоста на воздухот во градот под Марковите кули.

Откако синоќа истата покажа 1612 микрограми ПМ-10 честички на метар кубен, граѓаните беа загрижени, а социјалните мрежи беа преплавени од реакции.

Синоќа после полноќ станицата кратко време беше исклучена. Прилепчани го забележаа тоа преку апликацијата “Мој воздух” и веднаш реагираа дека надлежните ги кријат поразителните резултати.

Едно од главните ветувања на актуелниот градоначалник од СДСМ, Илија Јованоски, беше чиста животна средина и чист воздух за сите во општината.

Но, се чини надлежните тешко се справуваат со состојбата која деновиве стана алармантна.

Граѓаните реагираа дека воздухот предизвикува печење на очите, грлото и носот, и дека тешко се издржува повеќе од 15 минути надвор.

Според стручњаците како што истакна градоначалникот денеска, за зголемената загаденост на водухот, придонесуваат и фирмите коишто работат со ископување, истражување и експлоатација на мермер,и други минерали.

Јованоски на денешната прес-конференција која следуваше после лавината реакции на прилепчани, истакна и дека мерењето на воздухот бил првиот чекор, а како решавање на проблемот ја најави гасификацијата која требало да дојде во 2021 година.

Други конкретни мерки градоначалникот не истакна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.