Новиот градоначалник на Општина Долнени, Блерим Ислами го именуваше Џемалудин Џафeроски за директор на Јавно Комунално Претпријатие „Долнени“.
Младиот градоначалник како кандидат на ВЛЕН ја презеде власта од ДУИ по вториот круг на локалните избори, а поставувањто на Џафероски за нов директор во ова претпријатие е една од неговите први поголеми одлуки.
По преземањето на функцијата, Џафероски јавно соопшти дека ќе работи по принципи на штедење и одговорност, при што истакна дека нема да користи службено возило, нема да користи средства за репрезентации, како и дека службениот телефон нема да го употребува за лични потреби.
























