ЈКП Водовод Прилеп: Енopмнo е нaмaлeнa издaшнocта на Студенчица – можни се и pecтpикции на водата

Поради големата суша и неповолните временски услови, енормно е намалена издашноста на изорот Студенчица. Од тие причини, количините на вода кои ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп ги добива од ЈП „Студенчица” не се доволни во целост да ги задоволат потребите за вода на граѓаните на општина Прилеп.

Како резултат на тоа, во одделни делови од градот можно е да се почувствува недостаток на вода или намален притисок. Со цел да се обезбеди доволно количество на вода до секој корисник, ЈКП „Водовод и канализација” во моментов врши перење на бунарските постројки и истите ќе бидат ставени во употреба во текот на утрешниот ден, сабота 31 август.

„Истовремено, сакаме да ве информираме дека нашите екипи ќе бидат постојано на терен, ќе вршат пренасочување на водата во системот со цел да обезбедиме доволно количество на вода до секое семеjство во нашата општина. И покрај тоа, доколку нема подобрување на состојбата и издашноста на изворот „Студенчица” продолжи да опаѓа, ЈКП „Водовод и канализација” ќе започне со рестрикции на водоснабдувањето во градот. Доколку истото се случи, ЈКП „Водовод и канализација” редовно и навремено, ќе ги известува граѓаните во кои делови на градот и во кој временски период на денот ќе почувствуваат недостаток на вода“, велат од ЈКП „Водовод и канализација” Прилеп.

Извор: “www.infokompas.com.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.