Јенс Столтенберг: Македонија ќе мора да има 5Г мрежа за влез во НАТО

 

Државите кои се приклучуваат кон НАТО, како Македонија, мора да имаат безбеден начин на комуникација – изјави Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во интервју за Српската редакција на Гласот на Америка.

Постојат стандарди кои мора да се исполнат кога е во прашање цивилната инфраструктура и телекомуникација, како што е 5Г. Тоа се однесува и на новите идни членки, како Македонија. Овие стандарди не се однесуваат на земјите кои не се членки, но, ние можеме да ги замолиме или да ги советуваме тоа да го направат – изјави Столтенберг, одговарајќи на прашањето за Кина и нејзиното влијание во регионот.

Нашите воени операции и сили зависат од цивилната инфраструктура, од патишта, мостови, аеродроми и подводни телекомуникациски мрежи кои ги поврзуваат двете страни на Атлантикот. Неодамна ги обновивме основните барања за цивилна инфраструктура, кои опфаќаат 5Г технологија – рече тој.

На прашањето зошто е важно НАТО да има отворена врата за малите држави, кои не се воено и безбедносно силни, Столтенберг рече:

– Кога нашите соседи се стабилни и ние сме безбедни. Кога тие ќе се приклучат кон НАТО, тогаш ќе станеме уште побезбедни – изјави Столтеберг, нагласувајќи дека на тој начин ќе се обезбеди демократија, просперитет и мир за стотици милиони граѓани од Источна и Централна Европа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.