Јелена Ѓоковиќ е најголема поддршка за својот сопруг и тенисер Новак Ѓоковиќ.
Таа беше со него кога прв пат го освои престижниот турнир Ролан Гарос во Париз.
„Мислевме дека сме подготвени за толкав пат, но не бевме спремни. Се до денес. Животот секогаш знае кога, каде и на кој начин. Неверојатно е како секогаш не учи на лекција. Среќни сме што нашето време беше денес“, напиша Јелена на својот Instagram профил.
Пораката доби над 41.000 лајкови за 1 ден, но и голем број на позитивни коментари.