Ја посрамоти за сите пари: Новинарката тргна да го бакне, а тој ја откачи (ВИДЕО)

Шпанска новинарка се најде во непријатна ситуација за време на натпреварот од шпанскиот куп меѓу Барселона и Валенсија. Новинарката стана мета на потсмев на социјалните мрежи, откако директорот на шпанскиот фудбалски клуб Валенсија, Матејо Алемани ја откачи по дадената изјава.

Новинарката сакаше да го бакне во образ, а Алемани замина на теренот да ја прослави победата со фудбалерите. И покрај непријатната ситуација во која се најде новинарката, таа на крајот професионално продолжи да го врши преносот во живо. Валенсија го доби натпреварот со 2:1.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.