Никол Бакстер ја сподели својата приказна, бидејќи за малку ќе останела без коса. И тоа поради својот сув шампон кој жените се почесто го користат.
Сувите шампони се спас за секоја жена кога во последен момент ќе забележат дека косата им е масна, а немаат време да ја измијат или да посетат фризер.
За жал, приказната на една жена докажува дека во нив нема ништо волшебно, туку дека можат да ви го уништат животот.
Никол верува дека користењето на сувиот шампон и го уништил темето, поради што на некои места целосно окелавила.
Кога забележала дека губи коса, отишла на доктор.
“Темето ми вриеше и ми се лупеше. Имав црвени дамки и пликови, се чувствував како главата да ми гори, дури се будев и ноќе од болки”, раскажува таа.
Лекарот и рекол да не ги користи повеќе тие шампони. Никол послушала и во наредните 6 до 7 недели забележала неверојатен резултат – косата престанала да опаѓа.