Ја запомнивме како девојчето со прекрасен глас на “Пинкови ѕвездички”: Александра од Прилеп ја промовираше својата прва песна (ВИДЕО)

Aлександра Трајческа е девојчето од Прилеп кое минатата година го гледавме во шоуто “Пинкови ѕвездички” и редовно навивавме за неа.

Со нејзините настапи постојано го вчудовидуваше целото жири, а сега излезе и нејзината прва песна.

Песната е насловена “Неделно”, а со оваа песна Александра настапи на ревијалната вечер на фестивалот “Мелфест” во Прилеп.

Музиката и аранжманот за песната се дело на Томе Темелкоски, а текстот е на Александра и Саша Нацевски.

Во спотот учествуваат членови на Училиштето за театар “Чин 4 Сцена 5”, стајлингот е избор на Саше Зурламоски и студио академија “Kрешо”.

Aлександра има 14 години и учи соло пеење. Нејзиното образование планира да го продолжи во средното музичко училиште.

Уживајте во нејзината прва песна:

Во продолжение и потсетување на настапите на Александра на “Пинкови ѕвездички”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.