Една од поклучните инвестиции за 2023 година, токму е оваа улица Лазо Асијата. Како улица е позната на ова месно население затоа што повеќе од 30 години чекаа и очекуваа пробивање на самата улица и пуштање во функција затоа што поголем дел од жителите немаа сопствени прилази, односно немаа ни асфалт ни улица за пристапување со сопствените домови, истакна денешна градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Посочи дека со пробивањето на оваа улица која е комплетна инвестиција на општина Кавадарци од 25 милиони денари ќе се овозможи и за постоечките жители да добијат соодветен пристап, но и за дооформување на урбанистичкиот план, Лазо Асијата со повеќе од 70 парцели за домување за да може градот на оваа источна страна да го шириме и алтернатива за кружно движење.
-Морам да потенцирам дека се пристапи кон комплетно пробивање, потоа се изгради атмосферска канализација, канализациона и водоводна мрежа со соодветни приклучоци за идните инвестиции. Потоа се оформија тротоари и улично осветлување и асфалтна маса од два слоја, како што доликува на домаќинска општина, градење по сите теркови за оваа инвестиција да биде подолговечна.
Морам да кажам дека предизборните ветувања кои ги имавме во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, заедно јас како градоначалник и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, дека голем дел од капиталните инвестиции, некаде околу 80% се остварени или отпочнати со работа.
Се што е отпочнато и остварено, буџетски и систематски ни е решено во делот на финансиската конструкција. Така да со домаќинско работење, со пристапно работење кон граѓаните, секоја општина, а особено општина водена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник како што доликува на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе го видат својот бенефит и во делот на искористување на средствата во правилна форма за интерес на граѓаните.
Сме работеле така, така и ќе продолжиме, и можам да кажам со среќа нека де оваа улица Лазо Асијата за користење на нашите граѓани, нагласи Јанчев.