РУРАЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Проектот се спроведува во рамките на ИПА програмата за Развој на човечки ресурси; грантова шема Поттикнување на социјална инклузија. Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ а спроведуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за Финансии на
Република Македонија.
Општи податоци за проектот:
Партнери и спроведувачи:
• Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп
• Младински културен центар – Битола
Целна група:
– Лица од социјално ранливите категории, невработени лица вклучувајќи ги и лицата корисници на социјална помош од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.
• Главната цел на проектот е да е да ја зголеми вработеноста и вработливоста на лица од социјално ранливите категории, невработени лица вклучувајќи ги и лицата корисници на социјална помош од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани, да помогне во нивната социјална интеграција, како и да ја подобри нивната компетенција која ќе биде клучна во добивањето на постојана работа.