Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска, по добиени претставки од граѓаните, изврши увид на улица ,,Банско”.
Имено, жител од оваа улица узурпирал државно земјиште паркирајќи го своето возило и го попречувал движењето на останатите жители од улицата.
Како што вели Ѓорѓиевски на земјиштето има предвидено улица според Деталниот урбанистички план, па веднаш ќе се пристапело со пробивање на улицата и поставување бекатон плочки, а паркираното возило беше отрстрането од пајак службата.
„Јас сум на страната на мојот народ, на праведните и законот и истиот важи за сите во Кисела Вода, подеднакво. И тоа ќе биде така се додека јас сум градоначалник! Ако некој толерирал самоволие десеттина години – јас нема да толерирам! И без разлика кој на која позиција се наоѓа, кој на кого е пријател, другар или роднина – никој нема право од позиција на моќ да узурпира државен имот и со тоа да малтретира десеттици фамилии кои се попречени да стигнат до своите домови. Денес, долгогодишната голгота на жителите на улица ,,Банско” завршува. Од денес се надевам дека ќе има мир, а со сигурност ќе има нова улица на местото кое досега беше узурпирано. Кај мене нема повластени, заштитени и дискриминирани. За мене сите се исти, бидејќи Кисела Вода е наш заеднички дом!“, напиша градоначалникот Ѓорѓиевски.