Ѓорчев до СДСМ: Ако гласате за министер од „Мавровски работници“, тогаш зaтвopeните од 27-ми април треба да си одат дома!

Треба да има амнестија за 27-ми април и луѓето од затворите да си одат дома, порача вчера од собраниската говорница Влатко Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пратеници од СДСМ, ќе гласате за лице амнестирано во “Мавровски работници” да биде МИНИСТЕР, а ДЕСЕТИЦИ луѓе се во ЗАТВОРИ осудени на 250 години. Да си одат ДОМА кај своите семејства. Слобода, порача Ѓорчев.

Инаку, новиот министер без ресор Хисен Џемаили е обвинет во случајот „Малтретирани градежни работници од Маврово“.

Џемаили кој во конфликтот во 2001 година беше во редовите на ОНА, ќе остане запаметен и како обвинет во еден од четирите Хашки предмети и како еден од пратениците на кој му беше одземен имунитетот. Тој беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“.

Тогаш по Џемаили беше распишана потерница бидејќи два месеца не се појавуваше ниту во Собранието ниту во суд.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.