Ливерпул би можел да биде елиминиран од Лига купот на Англија. Отворена е истрага за тоа дали 22-годишниот Педро Чиривела имал право за настап против МК Донс минатата среда.
Црвените излегоа со вториот тим, но сепак победија 2-0, но најверојатно поради недостаток на одредени документи заборавениот Шпанец немал право да игра. Раководството на ова натпреварување има право да го елиминира клубот од понатамошното натпреварување.