Шaxпacка: “Да не беше пандемиjaта ќе заминевме 500 евpa пpoceчна плата”

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за Македонската телевизија одговорајќи на новинарско прашање, – за ветената минимална плата од 500 евра и какви се прогнозите за нејзино остварување, рече дека се многу блиску до реализацијата на ветеното.

„Кога говориме за порастот на просечната плата која требаше да изнесува 500 евра за еден четиригодишен мандат, ние сме многу блиску до реализација. На први јуни 2017 г. СДСМ и Коалицијата ја формираше Владата и за овие четири години износот на минималната плата е зголемен за повеќе од 6.000 денари.

Претходно во 2017 година просечната плата беше 22.000 денари, а таа сега изнесува 28.700 денари. Што значи, дека ние сме многу блиску до тие 500 евра, што беа наше изборно верување.

Имајќи во предвид дека година и пол се соочуваме со пандемијата на Ковид 19, ние би го надминале она што претставуваше наше ветување, во тогашната програма на Владата.

И последните податоци покажуваат дека во првата половина од годината, просечната плата има пораст од некаде 6%“, рече Шахпаска.

И според министерката Шахпаска, зголемувањето на пензиите од 1,2% не е доволно, но дека како влада ги почитуваат законите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.