“Што ќе добиеше Прилеп за 100 милиони евра? Шпански пенали, за празни џебови?”

Колумна на претседателот на
Комисијата за локална самоуправа при ВМРО-ДПМНЕ – Марјан Ристески

Читаме и повторно не ни се верува што прави Владата на СДСМ!?
Шпанската компанија „Rubau Konstruksiones“ прекинува со работа на експресниот пат Градско – Прилеп, при тоа тужејќи ја истата со 100 милиони евра пенали заради раскинување на договорот, а сето тоа замислете, како што наведуваат од компанијата поради „тесни лични и партиски интереси“…

Читаш ваква фрапантна информација и просто не ти се верува! Добро бе луѓе, со кој памет ќе фрлите 100 милиони евра како да се 100 денари!? Иако го прочитавме образложението на компанијата, иако не сакаме да веруваме дека тоа е вистината, сепак оставме Шпанската компанија, во понатамошната судска постапка да ја докаже вистинитоста на фактите.

Но, ако тоа е вистината – тогаш каде ќе им биде крајот?! Како повторно ќе се правдаат властодршците пред ЕУ, дали повторно ќе им биде друг виновен или повторно сето тоа ќе го плаќа измачениот ни народ во Пелагонија?
Политичко-личната причина за раскин на договорот, како што наведува компанинијата, ќе биде уште една голема црна дамка за оваа корумпирана Влада и уште еден негативен аргумент во евроинтегрирањето на Македонија.

Но, да се навратиме на суштинскиот проблем: кога и конечно жителите на вториот по големина регион во државата – Пелагонискиот (Прилеп, Битола и останатите општини) се израдуваа со претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ дека конечно ќе се реши деценискиот проблем со овај пат, кој претставуваше рак-рана и тесно грло во комуникацискиот систем на РМ, за жал и со бројни жртви низ годините, дојде Владата на СДСМ за повторно да им докаже дека може и совршено знае како да заглави, искомплицира и прекине веќе започнат проект, како и многу други до сега, на штета на развојот на државата! Ова уште еднаш зборува за нивната лакомост, некадарност и неспособност.

Одолговлекувањето на реализацијата на патот Градско-Прилеп и понатаму ќе значи:
1. Катастрофална безбедност во сообраќајот на оваа делница (за жал, многу пати со човечки жртви);
2. Пелагонија и понатаму останува слепо црево за комуникација во Македонија и овој дел на Балканот;
3. Ваквиот пат предизвикува подолго време на патување и амортизација на возилата, што директно влијае на џебот, т.е. стандардот на граѓаните;

4. Ги зголемува трошоците на економијата, а тоа најдобро го знаат и чувствуваат бизнисите од овој крај…;
5. Овој пат ја намалува можноста за инвестирање во Пелагонија во секој поглед, послаб развој на туризмот, а со тоа намален прилив на средства во буџетите на државата и Општините;
6. Овој пат не овозможува комуникација, туку тотална парализа на функционирањето на државата…а тоа го почувствуваа граѓаните и транспортните средства претходниве денови, кога со часови беа заглавени во километарски колони поради пожар на превојот Плетвар…

Казна ќе има – казната ќе следи на следните предвремени парламентарни избори….НАРОДОТ ЗНАЕ – НАРОДОТ ПАМТИ – НАРОДОТ ЌЕ ВРАТИ!!!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.