Што стана со најавениот штpajк во образованието?

Нашиот образовен кадар во основните и средните учичишта има меѓу најниските плати во регионот, а да не зборуваме и пошироко. Вршиме притисок за зголемување, но кога и како ќе се случи, зависи од преговорите со министерот за образование, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во во емисијата „24 анализа“ на Тв 24 на 15.02.2022.

Дадовме разумен рок за усогласување на ставовите. До 15-ти март да ги испегламе нашите барања и во мартовската плата да нема турбуленции. Доколку не дојде до тоа можен е генерален штрајк. На околу 30.000 вработени во образованието треба да им се зголеми платата, во однос на зголемувањето на минималната плата“, истакна претседателот на СОНК тогаш.

Бидејќи утре е 15. март, се поставува прашањето што стана со најавениот штрајк и дали СОНК успеа во меѓувреме да се избори за повисоки плати во образованието?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.