Областа 51, најголемата тајна воена база на САД во пустината во Невада, за многумина е голема мистерија. Во оваа база нешто чудно се случува во последниве неколку дена, бидејќи во базата секојдневно слетувале патнички авиони од типот “Боинг 737”.
Авионите на новата компанија “Џенет” без никакво лого од аеродромот во Лас Вегас, секојдневно одат само на едно место – во Областа 51.
#ForteanFriday | Rumours are mounting over a fleet of Boeing 737s seen flying in and out of Area 51 https://t.co/2EcltdlJrR
— It's an Urban Legend (@ULTweets) August 19, 2016
За овој лет не е возможно да се купи карта, ниту на аеродромот во Лас Вегас може да се добијат било какви податоци.
Area 51 Mystery UNMARKED Planes Spotted Flying From Las Vegas To Top Secret Military Base https://t.co/2D8Mempruq pic.twitter.com/etT93yo2xC
— Berita OKNUM (@TNI_AU) August 18, 2016
Со години кружат гласини дека во оваа база се вршат испитувања над НЛО летала, а оваа мистерија е само една од многуте кои се поврзани со ова место.
#Documentary 2016 – MYSTERY OF AREA 51 / #English (#Hd) – https://t.co/CkG4sqbr1D #At #Battle #Best pic.twitter.com/X1cUodozqc
— F e a r T u b e (@TubeFear) August 9, 2016
Постојат некои поединечни изјави и различни видувања за чудни појави во околината на базата.
За постоењето на базата војската признала дури во 2005 година.
А.Г.