Падот на цената на нафтата и невообичаената појава “продавачите да мора за секој барел да им плаќаат на купувачите и до 40 долари”, предизвика општа забуна, а во некои кругови и паника, коментира Љубинка Милинчиќ, главен уредник на српски Спутник.
“Како што е познато, цената нагло падна откако по состанокот на ОПЕК+ Русија и Саудиска Арабија не се договорија колку ќе го намалат производството. Русија инсистираше на тоа да се продолжи претходниот договор, а Саудиска Арабија сакаше да се намали производството уште повеќе. Не “падна” договор и во истиот момент цената на нафтата нагло падна на околу 40 долари, што е за рускиот буџет прифатливо, додека за арапскиот не е, иако Арапите многу поевтино ја добиваа нафтата, бидејќи нивниот буџет е планиран на 80 долари”, вели Милинчиќ.
Таа за српски Курир изјави и дека, и покрај тоа Саудиска Арабија продолжи да го продава црното злата по ниска цена, давајќи и невообичаени попусти. Па, на пример, на цена од 40 долари давале попуст од 10 или 20%. Ова заинтересира многу луѓе, бидејќи нафтата може да се чува, па се купува на берза кога е ефтина, се складира и се продава кога ќе и порасне цената.