Ако сте одлучиле да внимавате на килограмите и на внесувањето на калории како дел о д подготовките за летната сезона, паметно би било да ги избегнувате алкохолните пијалоци, слично како актерките од серијалот „Сексот и градот“ за време на снимањето на култната серија.
Но, ако се појави некоја прилика во која треба да посегнете за чашата и неможете да одолеете тогаш бирајте мудро.
Поголемиот број жестоки пијалаци имаат еднаква калориста вредност, околу седум калории во еден грам. Со други зборови, една чаша вотка, џин, рум, текила или скоч има околу 80 калории. Проблемот е во додатокот што ќе го изберете со овој алкохол.
Минералната или обична вода едвај има калориска вредност, но сокот од лимон или лимета ќе додаде околу 20 калории на вашиот пијалак. На пример, чаша текила со минерална вода и сок од лимета има дури 100 калории.
Ако не сте љубител на жестоки пијалаци, треба да знаете дека и чашата вино исто така ќе ви направи проблем. Поголемиот број вина во само една чаша имаат околу 120 калории. Пивото, пак, најчесто има минимално 150 калории.
Секако, тука е и класичната опција – вотката со минерална вода има само 65 калории во една чаша.