Власта на францускиот претседател Емануел Макрон после нередите пред неколку дена одлучи да ја вклучи и армијата за обезбедување на мирот по улиците.
Француските граѓани во текот на вчершниот ден објавуваат фотографии од распоредувањето на воените сили низ Париз, но и другите градови.
Жолтите елеци за сабота најавија најголем протест досега во главниот град, а низ светските медиуми проструи и информација дека власта размислува и за прогласување на вонредна состојба.
8 Decembre à Paris
Les forces de l'ordre peuvent utiliser les armes dont elles disposent pour assurer l'ordre: LegitimeDefense .
L'Armée doit venir en renfort pour protéger nos forces de l'ordre ! pic.twitter.com/HwPuen9nFl— Srewob Nicky (@GaiLuronNicky) December 6, 2018
Владата иако соопшти дека зголемувањето на цените на горивата ќе биде исклучено од буџетот за 2019 година, жолтите елеци не престануваат со протестите.
Тие се незадоволни од целокупната политика на Макрон и неуспешните економски реформи на новиот француски претседател.
More unconfirmed pictures of army units moving to #Paris today. Source: https://t.co/cNlfRXvKcO pic.twitter.com/vUY9hsAKUN
— marqs (@MarQs__) December 6, 2018
Премиерот на Франција, Едуар Филип соопшти дека во наредните денови 89.000 припадници на безбедносните сили ќе бидат распоредени ширум Франција. Во главниот град ќе има најмалку 8.000.