Сигурно некогаш ви се случило да ви „заигра“ окото. Треперење на окото, тикови и грчење на очниот капак можат да траат кратко, но и со недели…
Њујоршкиот лекар Џоел С. Шуман за „Tech Insider“ објаснува дека причината за треперење на окото најчесто е замор и стрес. Како причини се наведуваат уште и напрегање на очите, кофеин, алкохол, суви очи, недостаток на некои хранливи материи.
Она што ви е потребно е повеќе мир, доволно сон, повеќе шетање. А тој препорачува и медитација, бавно дишење и опуштање на мускулите.
Доколку сметате дека вашиот проблем е поголем од оној стандардниот кој трае ден-два, не трошете време на барање решенија на интернет, туку посетете лекар.