Дали некогаш сте се запрашале што точно значи во буквален превод името на секоја земја?
Oваа мапа го има одговорот на тоа.
На мапата е прикажано историското значење на името на секоја земја, уште од времето од кога за прв пат се правел буквален превод на имињата на земјите.
Изненадувачки, многу фактори влијаеле врз имињата на земјите, од географската местоположба до климата.
На пример Андора значи “земја грмушка”, a Шпанија “земја со многу зајаци”.
Според оваа мапа, значењето на името на нашата земја Македонија, во буквален превод е “Земја на високи луѓе”.
Некои држави имаат убави поетски имиња. На пример Аргентина, што значи “Земја покрај сребрена река”.