Речиси сите жени се понекогаш незадоволни и несигурни за својот изглед.
Тие се разубавуваат за да бидат најубави од сите. За некои жени разубавувањето е строга тајна операција што ја кријат од партнерот дури една година и седум месеци.
Замислете, 19 месеци им се потребни на жените за да се опуштат и да го покажат вистинското лице пред партнерот, покажало најновото истражување.
Ова го докажува една студија, која открива дека на жените им е потребно подолго време пред да може да се опуштат пред партнерот и да не чувствуваат комплекси во врска со своето тело.