Невиден досега скандал се случи денеска за време на прес конференција на министерот за економија, Крешник Бектеши, а го приреди новинарка.
Додека министерот објаснуваше зошто гласал за концесиите за рудникот Иловица-Штука, новинарката Александра Дуковска се побуни зошто Бектеши ја нарекува државата Република Македонија кога, таа, како што рече, е непостоечка држава.
“3борувате за непостоечка држава. Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња” – реагираше новинарката Дуковска.
Таа го праша Бектеши дали знае како ни се вика државата, а тој и одговори дека знае.
“Северна Македонија”, рече тој.
“Па што е ова тогаш, зошто ја ословувате како Република Македонија, која ви е таа држава?”, рече на одговорот од Бектеши новинарката.
На ова министерот Бектеши ѝ одговори:
„Само да бидеме начисто. Документите и зошто викам Република Македонија се донесени кога името на државата било Република Македонија. Нема никаков проблем да не кажувам Република Македонија“.