Шпанската кујна е позната по тоа што често комбинира месо со разни зеленчуци добивајќи на тој начин не само здрав оброк туку и храна која е примамлива за окото.
Рецептот кој овој пат го споделуваме со вас е одлична идеја за појадок со која идејата за омлет засекогаш ќе ви се промени.
Потребни состојки:
- 3 лажици масло
- 1 поголем жолт кромид, исечкан
- 50-60g колбас, пресечен во форма на полумесечини
- 340g компир, исечкан на коцки
- сол и црн пипер
- 3/4 чаша магдонос, грубо исечкан
- 10 јајца
- 1 чаша рендан чедар
- мала марула
- 1/2 помал црвен кромид, тенко исечкан
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200°C. Загрејте 1 лажица масло во голема огноотпорна тава на средна топлина. Додадете го жолтиот кромид и пропржете го 5 минути.
Додадете го исечканиот колбас, компирите и по 1/2 лажичка сол и црн пипер и оставете да се готви во покриен сад, мешајќи повремено, додека компирите не омекнат, односно околу 10 минути.
Додадете го магдоносот. Истурете ги јајцата во тавата и измешајте да се состават состојките. Одозгора наросете чедар и пренесете го садот во рерна.
Печете го омлетот додека чедарот не се стопи и добие кафеава боја околу рабовите, околу 15 минути.
Ставете листови марула и црвен кромид на чинијата за сервирање и полејте ги со маслиново масло. Исечете го омлетот на парчиња и послужете го на чинијата.