Екипата на Галатасарај, актуелниот првак на Турција, направи одлична работа во летниот преоден рок.
За само девет милиони евра успеаа да доведат дури 14 играчи, а дефинитивно најзвучно засилување на турската екипа е Колумбиецот, Радамел Фалкао.
Искусниот напаѓач стигна од Монако бесплатно, а освен него стигнаа уште и Рајан Бабел, Џими Дурмаз, Стивен Нзонзи, Флорин Андоне, Адем Бујук, Сенер Озбајракли, Окан Кочук, Жан Михаел Сери, Кристиан Линдама, Емре Мор и Марио Лемина.
Синоќа во Истанбул беше приредено свечено претставување на засилувањата.
Трибините на стадионот “Турк Телеком” беа иполнети како да се игра градско дерби, а ерупција од воодушевување настана кога спикерот го најави токму Фалкао.
Погледнете:
▶ @Falcao'dan mabedimizde ilk 3'lü! ?
Şşşş… ?
1⃣
2⃣
3⃣
CİMBOMBOM! ? #AslanlarSahada pic.twitter.com/vkPY1qm8JF
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) September 4, 2019