ШОК! Турција ги повлекува своите амбасадори од САД и Израел?!

Анкара ги повлекла своите амбасадори од Вашингтон и Тел Авив “на консултации”, потврди турската влада, а пишува “Спутник”.

Турската влада прогласи тродневна жалост поради загинатите повеќе од 50 Палестинци на границата помеѓу Израел и Газа.

Анкара го осудила “масакрот” на Палестинците кој го извеле израелските безбедносни сили и додала дека регионалниот и глобалниот мир и стабилност нема да постојат се додека не се постигне трајно и правично решение за палестинското прашање.

“Остро ја осудуваме одлуката на американската администрација да ја пресели својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, со што се крши меѓународното право и сите релевантни резолуции на ОН. Повторуваме дека оваа акција е правно ништовна и неважечка”, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи на Турција.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција остро ќе реагира на денешните случувања во Појасот Газа.

“Ги повикавме нашите амбасадори од Вашингтон и Тел Авив на консултации. Повикавме вонреден самит на Организацијата за исламска соработка и се надевам дека во петок ќе се состанеме во Истанбул. Исто така предлагаме и повикување на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН. Ќе разговараме со многу лидери. Од утре објавуваме тродневна национална жалост”, рекол Ердоган за телевизијата НТВ за време на посетата на Велика Британија.

Тој Израел го нарече терористичка држава, а неговите акции против Палестинците ги нарече геноцид.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.