Шок и тага во семејството на Шумахер- ја изгубија битката

mihael-sumaher-korina-foto-printscreenyoutube-1438875354-715149

Семејството на Михаил Шумахер е очајно бидејќи загуби голема битка. Во петокот тие ја загубија битката која ја водеа со години, за натписите во германскиот весник “Die aktuelle”.

Весникот во 2015. година објави фотографија од сопругата на возачот на Формула 1, Корина, и напиша дека таа е среќна во новата љубов. Во тешките моменти ова многу го погоди семејството, па тие решија да го тужат весникот за нанесената душевна болка и неточните приказни.  Корина бараше отштета од 50.000 евра, но во петокот судот во Хамбург одлучи да ја отфрли тужбата со образложение дека насловната страница не ги навела луѓето да мислат дека таа го оставила сопругот.

Инаку, семејството на легендарниот возач од несреќата на француските Алпи во 2013. се изолираше од јавноста. Одлуката на судот, како што пишуваат германските медиуми, била тежок удар за семејството кое е очајно за неправдата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.