Горан Ангелов, претседател на Здружението “Андон Лазов – Ќосето” кој е еден од притворените за настаните на 27 април во македонското Собрание, е сместен во катастрофални услови во истражниот затвор во Шутка?!
Предмалку на неговиот Фејсбук профил осамнаа фотографии, над кои пишува дека Ангелов започнува штрајк со глад и дека одбива терапија поради тортурата која му била вршена и политичкиот терор.
На фотографиите, како што пишува во описот, се прикажани условите во кои Ангелов бил сместен и живеел изминатите 6 месеци.