“Школата за млади лидери” на Претседателот Иванов го промени мојот живот: Интервју со Елена Којчева

Елена Којчева од Кавадарци е девојка која ги руши стереотипите дека во Македонија не постои иднина за младите и дека за младите луѓе во Македонија не постои простор за стекнување на нови знаења. Оваа година Елена учествуваше на “Школата за млади лидери” во организација на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, искуство кое како што вели и го променило животот. Нејзиното стекнато искуство сакаше да го сподели со сите млади луѓе, да ја пренеси нејзината мотивација, стекнати вештини и да им посочи на младите, дека постои шанса, постои можност, само треба да се искористи, а резултатите после тоа се фасцинантни.

15782328_10209710066122830_240892839_n

-Eлена, оваа година ти зеде учество на “Школата за млади лидери” која е под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Кажи ни како дојде до идеја да се пријавиш на оваа школа и со која цел замина таму?

– Првенствено сакав да се пријавам на Школата за млади лидери бидејќи ми беше предизвик да бидам дел од школа која ги селектира најдобрите и наjуспешните , тоа значи дека за да се биде дел од Школата за млади лидери не само што треба да се има одлични резултати низ образовниот процес туку да имате визија, мотивација и   план за активности кои ќе  придонесуваат за подобрување на заедницата во која живеете. За мене да бидам дел од ваква група на млади успешни луѓе кои ја сакаат својата земја имаат креативни и иновативни идеи  и сакаат да придонесат за незјин добробит претставуваше чест и гордост.

-Кои беа темите на годинешната “Школа за млади лидери”, кои предавачи имавте можност да ги слушнете, кој ти остави најголем впечаток и која беше вашата улога како млади интелектуалци кои присуствувате таму?

Убавината на оваа школа е тоа што имаше еден широк спектар на  теми на кои секој од учесниците имаа можност да го изразат своето мислење. Се дискутираше за наука и за образовниот процес за вештачка интелегенција  и  какo тоа  брзиот технолошки развој влијае низ сите сфери на општественото живеење, се дискутираше за  не планското користење на ресурсите и последиците од загадувањето, ефектот на стаклена градина ,исто така се дискутираа теми од гео политика и економија до заштита на правата на жените и полова еднаквост ,така што секој од учесниците можеше да се пронајде во одредена тема и секако да го даде своето видување и мислење за истата.

Имаше голем број на предавачи со големо животно и професионално искуство  како од сферата на политиката така и од бизнис секторот како на пример предавач беше поранешната претседателка на Латвиа Vaira Vike- Freiberga, потоа поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов, не можам а да не ја спомнам и Ирена Јакимоска сопственик на компанијата Комфи Ангел  во  Прилеп една успешна жена која ги сподели своите искуства со нас за начинот и предизвиците при работење во динамична бизнис клима. Морам да го спомнам Проф. д-р Миле Терзиовски, декан на „Куртин Бизнис Школата“ од Перт, Австралија, кој говореше на теми „Водејќи до иднината преку претприемаштво и иновација“ и „Менаџирање на кариерните фази:можности и предизвици“.Огромна чест е да се има можност да се слушаат овие предавачи кои не себично ги споделуваа нивните знаења ,искуства и совети. Исто така голем впечаток ми остави професорот Дејвид Голдсмит професор од Америка  со неговиот уникатен пристап кон предавањето и отвореноста за комуникација и соработка. Овие предавачи ме потикнаа да размисувам подлабоко и да ги преспиитам своите ставови да креирам нови да бидам отворена кон нови искуства и знаења и во секоја ситуација да знам да го применам концептот на critical thinking.

Улогата на секој учесник беше да се вклучи во дискусиите и да даде свое видување за одредена тема или проблем,на тој начин се потикнува размена на идеи и еден вид brainstorming од кој секој од нас излегуваше со големи импресии и проширени видици.

15750235_10209710066162831_852253390_n

– Со какви знаења се стекнавте и што значеше за тебе целиот овој процес?

Школата на млади лидери на претседателот Ѓорге Иванов има многу интересен и иновативен концепт. Во тие две недели кои се планирани акцентот е ставен на потикнување на младите да размилсуваат креативно целта е да се разбуди креативноста низ разни дискусии и дебати. На пример низ целиот период се работење на идеи кои подоцна прераснаа во  предлог-проекти под менторство на Д-р Ѓорѓија Петкоски, истражувач на Вартон Школата при Универзитетот во Пенсилванија кој не водеше низ процесот од иницијално раѓање на идејата до ставање на лист хартија и смислување  на концептот и формата. Оваа школа нуди можност да цело досегашно знаење што го поседува секој учесник да го примени при тоа да ја има слободата да одбере било која тема на или идеја и да ја презентира пред Претседателот и неговиот тим а потоа истата таа идеа која е преточена во проект да биде дел од Ideas for Actions или идеи за акции каде Светска Банка нуди платформа низ која младите можат да се натпреваруваат со своите идеи. Тоа значи која идеа е поиновативна и има праткична примена на некое локално ниво таа има можност да биде победник  и да биде релизирана практично.

Во школата за млади лидери не само што се стекнувате со знаење преку размена на мислење и работа на проекти туку и се стекнувате со пријателства и познанства кои траат. Јас морам да спомнам дека периодот поминат таму ми буди убави спомени и сеуште одржувам контакти со дел од учесниците кои беа дел од школата а некои ми станаа и  многу добри пријатели.
– Дали “Школата за млади лидери” овозможува секој од вас учесниците да може да се истакне и да ги покаже своите квалитети?

Апсолутно. Како што кажав предавањата се организирани како панел дискусии каде се разменуваат мислење и секој од младите луѓе таму има право и можност да зборува  и да дебатира. На пример  во склоп на Школата се одржува ораторска вечер на која присуствува Претседателот и младите луѓе имаат шанса да говорат на било која тема која ќе ја одберат. При работењето на предлог проектите се работеше во група каде се развиваат способностите на учесниците да се прилагодат и да работат во група, во одредени делови се цени и се потикнува индивудуалниот труд. Школата е креирана со некој магичен баланс каде секој се чувствува комфорно и има простор да се истакне  но и е соочен со предизвик да излезе од таа конфорт зона и  да не ме сфатите погрешно само доколку самиот учесник се почуствува спремен да го прифати предизвикот. Школата дава можност да ги покажете своите квалитети но и да ги увидите своите пропусти каде тоа вие како млад човек треба уште да се надоградувате кои ви се исто така  и слабите страни за да може да работите на нив.

15750191_10209710066042828_119916310_n

– Што се разви кај тебе и што поттикна целиот процес, дали “Школата за млади лидери” oтвори нови видици за тебе и го трасираше твоето понатамошно животно надоградување и усовршување?

Секако дека отвори нови видици, Школата за млади лидери на Претседателот Ѓорге Иванов е една од најубавите работи кои ми се случила, првенствено затоа што мене како млад човек ме потикна да размислувам односно да се трудам секогаш да бидам подобра. Ми отвори можност да бидам меѓу луѓе кои ја делат истата желба да направат промена на подобро и да делуваат за општествен придонес. Морам да кажам дека Македонија може да се пофали со прекрасни млади луѓе кои ме импресионираа со нивната интелегенција и скромност. Школата нуди можност секој млад човек да се преиспита себеси и своите цели. Вмрежувањето на млади луѓе од различни професии, култури и средини е можеби најинтересниот дел од оваа школа. Сподеување на мислења со луѓе кои имаат тотално поинаков концепт на размислување и сосема друга професија е освежувачки затоа што при дискусија и разговор, модели кои се применливи во една сфера или професија можат многу лесно да бидат применливи во друга.  Оваа школа имаше огромно влијание врз мене како млад човек на позитивен начин.

– Претседателот Иванов беше постојано под притисок и критика на опозицијата, кое е вашето мислење за него како личност?

За мене Претседателот Ѓорге Иванов е еден од најдобрите претседатели кои Македонија некогаш ги имала и не само затоа што ја креира оваа школа каде им даде можност и простор  на младите како никој претходно да се слушне нивниот глас и размислување, туку дека е голем државник бидејќи во  време на криза и нестабилност и во најкритичните моменти постапи храбро и мудро.  Сигурна сум дека од друга временска дистанца многу повеќе ќе се види важноста и вредноста на постапките на претседателот Ѓорге Иванов. Јас како млад човек сум горда што имам таков Претседател на својата земја како што е Претседателот Ѓорге Иванов.

– За крај пренесете една порака или совет до сите наредни млади кои сакаат да бидат вклучени во иднина во истиот овој процес.

Велат дека среќата ги прати храбрите. Мојата порака до младите е повеќе да веруваат во себе, да бидат упорни во своите намери и да се пријават на Школата за млади лидери затоа што ќе им го смени животот во позитивна смисла.

15801807_10209710066082829_921285373_n

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.