Шкендија се посрамоти себе си и го посрамоти македонскиот фудбал: Агим Ибраими со глава удри во судијата (Видео)

Шкендија е најголемото разочарување од македонските клубови на европска сцена ова лето.

Oткако во Скопје загуби со 1:2, шампионот на Македонија забележа само 1:1 во Луксембург, а во самиот финиш на натпреварот Агим Ибраими со глава го удри судијата, при што заработи црвен картон.

Поранешниот репрезентативец си дозволи да го уништи реномето на Шкендија, уште повеќе на нашиот фудбал и да го удри со глава главниот судија на мечот со Дуделанж. Наши клубови и порано имале срамни елиминации, но фудбалерите држеле некое ниво и не се однесувале така.

Шкендија по само два натпревари се збогува со европски фудбал сезонава.

Погледнете го овој срамен момент од натпреварот со Дуделанж:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.